Горд сум што Лино Червар беше дел од македонскиот ракомет

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во изјава за хрватскиот портал „24 сата“ имаше само пофални зборови за поранешниот селектор на Македонија, а сега селектор на на хрватската репрезентација и тренер на Металург, Лино Червар.

Червар доби задача да ја води Македонија во квалификациите за ЕП, но ја напушти клупата за да ја преземе Хрватска со која сака да го освои последниот медал кој го нема во своите витрини, а тоа е златото од континенталниот шампионат. Оваа одлука беше дочекана со негодувања во Македонија, а во последните денови се појави негова изјава, односно реплика до легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, дека доколку не беше Червар Македонија сега ќе немаше репрезентација.

Капитенот Лазаров не додаде масло на огнот, а во изјава за „24 сата“ имаше само пофални зборови за Червар.

„Горд сум и пресреќен што Лино Червар беше наш селектор и што со години беше дел од македонскиот ракомет. Тој направи големи работи за нашиот ракомет, поради што го обожаваме. Низ неговите раце во Металург минаа две генерации наши ракометари. Се што правеше во Скопје беше одлично и тоа никогаш нема да го заборавиме„, изјави Лазаров за хртавтскиот медиум.

Фаворити за медали има неколку. „Хрватска, предводена од Лино, сигурно ќе дојде до полуфиналето, а потоа мора да биде на ниво во тие два натпревари. Само немојте да им набивате преголем притисок. Најважно е првенството да го започнат добро и потоа тој воз на Лино тешко ќе биде запрен. Червар веќе десетина години е еден од најдобрите тренери на светот. Не се сомневам дека одлично го подготвил тимот„, рекол Лазаров.

Scroll to Top