Храна која го поттикнува слабеењето

Доколку сакате да имате вита става потребно е да имате план на исхрана кој ќе ви помогне да ги постигнете зацртаните цели.
Намирници кои ќе го поттикнат процесот на слабеење и кои секојдневно треба да бидат на вашето мени се :
Мешунки
Хормонот Колецистокинин (CKK) кој се ослободува во дигестивниот систем е природен регулатор на вашиот апетит. Истражувањата покажале дека мешункастите плодови двојно ја зголемуваат количината на овој хормон. Мешунките поспоро се варат и одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта. Исто тако се одличен извор на влакна кои го смалуваат нивото на холестерол.

 

Салати
Често се прејадувате? Внесот на калории можете да го контролирате ако во вашата исхрана го зголемите количеството на салати кои ги јадете. На тој начин на вашиот организам ќе ми ги обезбедите потребите фито нутритиенти, витамини и минерали, а истовремено ќе намалите со калориите. Секојдневното јадење разни типови на салати значи поголемо количество витамин C, E и фолна киселина.

Цимет
Додадете го во омилените житарки, пригответе природна напивка наросена со цимет или направете некои ниско калорични колачиња со цимет. Само ¼ лажичка дневно ќе го регулира количеството на шеќер во крвта особен корисно за оние кои патат од дијабетес тип 2.

Бадеми, лешници, ореви
Иако содржат доста калории тие сепак ќе го поттикнат слабеењето, бидејќи го забрзуваат метаболизмот и се богати со омега 3 масни кисели кои го намалуваат ризикот на болести на срцето и крвниот систем. Единствена препорака е да не претерувате со количината. Една рака од овие плодови е сосема доволна дневна количина.

Грав
Тој е голем извор на аминокиселината аргинин, која поттикпува создавње на глукагон, хормон на тироидната жлезда. кој создава чувство на ситост, ја забрзува и зголемува потрошувачката на калории. За да се постигне тој ефект, треба да се јаде како главно јадење, во комбинацаја со ориз, леќа, тестенини итн.

Јаболки
Благодарение на големата количина на фруктоза, јаболките го стабилизираат производството на инсулин, со што го спречуваат наглото опаѓање на шеќерот во крвта, што често, не тера да јадеме помеѓу оброците. Содржат и пектин, нерастворливи влакна, кои во желуд-никот го зголемуваат својот волумен, создавајќи чувство на ситост.


Брокули
Брокулите ја подобруваат работата на црниот дроб. Содржат влакна кои, освен што ја подобруваат работата на цревата, го ублажуваат чувството за глад. Брокулите содржат и јод, што го забрзува метаболизмот.

Целер
Треба да се јаде свеж во салати или исцеден во форма на сок, половина чаша пред главниот оброк.

Scroll to Top