Иџе победи на трката во Белгија

Автомобилистот Игор Стефановски – Иџе ја оствари и втората победа оваа сезона откако триумфираше на втората трка во Золдер, Белгија.

Тимот на Иџе направи одлична стратегија, па откако не успеа да победи во првата трка, Иџе намерно заврши на последното место за да може да стартува од пол позицијата во втората трка. Во оваа трка Иџе остана на првото место од почетокот до крајот.

Победата во Белгија е втора победа на Иџе оваа сезона, а вкупно трета во ЕТЦЦ. На последната трка во Чешка тој ќе се бори за титулата.

Scroll to Top