Иџе утре ќе стартува од првиот ред

Македонскиот автомибилист Игор Стефановски – Иџе имаше второ време на денешните квалификации во белгискиот град Золдер, во шампионатот на ЕТЦЦ. Иџе постигна време од 1:39.564 минута, што е за три стотинки побавно од времето на Унгарецот Норберт Наѓ. Наѓ имаше време 1:39.222 минута и со тоа се пласираше на пол позицијата. Зад нив ќе стартува Португалецот Фабио Мота.

Трката ќе се вози утре (17 септември) со почеток во 13 часот.

Scroll to Top