Ивана Чолаковска: Мајмуните во Индија влегуваат и по дома

Моторџиката од Скопје, Ивана Чолаковска-Торес, за време на патувањето во Индија, сретна супер друштво за кое има и интересна приказна. Фотографијата на која мајмунчето седи со неа и  јаде цевтови е напрвана во местото Џајпур, за  време на четиригодишно патување на Ивна со мотор низ светот.

„На фотографијата мајмунчево јаде цветови, а јас му правам друштво. Во Индија има многу мајмуни. Ваков вид на мајмуни може да се сретнат насекаде по градовите. Влегуваат во куќите, продавници и си зимаат храна и се што ќе им се допадне“, раскажува Ивана .

Цветовите кои ги јаде мајмунчето на фотографијата, се цветови кои  што луѓето во Индија ги носат на молитва. Но, вели Ивана, мајмуните таму, се многу прилагодени, да го делат просторот и времето со луѓето.

„ Седи до мене и не бега, ама тука мајмуните се многу дружељубиви. Во Индија луѓето живеат заедно и делат храна и простор заедно со многу разни животни. Тоа не е никаков проблем за нив, раскажува моторџиката.

Таа и нејзиниот сопруг,  Мануел Торес , поминаа четири години на мотор и извозеа  147 илјади километри низ 55 земји и 6 различни континенти.

Пролетта со пристигнувањето  на градскиот плоштад во Скопје го завршија  патување низ светот со нивниот мотор „јамаха тенере 660“, но Ивна рече дека тука не е крајот, и дека во план имаат соМану повторно да го шетаат светот со мотор.

(А.Г.)

 

Scroll to Top