Јана Стојановска и Петар Арсовски раскажаа како е да се игра со Бјелогрлиќ

Јана Стојановска и Петар Арсовски се дел од македонските актери што глумат во новата серија на Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“. Покрај нив, во серијата глумат и Никола Ристановски и Тони Михајловски.

По премиерата на филмот минатата недела на фестивалот „Киненова“, разговаравме со Јана Стојановска и Петар Арсовски, кои раскажаа за своите улоги во серијата.

„Во овој проект влегов минатиот ноември и оттогаш самата лично пораснав неколку нивоа како актер. Го толкувам ликот на Јована, македонска револуционерка, жесток, интензивен лик, кој симболизира силна македонска жена“, вели Јана за „Репортер“.

„Во серијата го играм газда Киро. Јас сум актер кој е веќе во години и кога помислив дека сум ги обесил копачките на клин, ми се појави ваква шанса, па сфатив дека никогаш не е доцна“, додава Петар Арсовски.

Серијата има единаесет продолженија и ќе почне да се прикажува набргу на Македонската телевизија.

Андријана Јовановска

Scroll to Top