Јанкулоска трчаше по „пајакот“ оти ѝ ја кревал колата

Поранешната министерка од ВМРО, Гордана Јанкулоска, вчера со трчање успеала да го спречи „пајакот“ да не ѝ ја крене колата. Трчањето се исплатело, оти таа ги спречила работниците на ПОЦ да не ѝ го кренат возилото што го паркирала на недозволено место, на само пет метри од барокната катна гаража, лоцирана во непосредна близина на кривичниот суд, пренсува pravosudstvo.mk.

Во трчањето друштво ѝ правел и нејзиниот партиски колега Миле Јанакиески, поранешен министер. Сепак Јанкулоска успеала да избегне да плати казна за непрописното паркирање.

Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески вчера заедно дојдоа во кривичниот суд.

Scroll to Top