Јоана на Сашко Коцев си дојде дома

Актерот Сашко Коцев, заедно со сопругата Смилјана и ќеркичката Јоана, си дојдоа дома. Мајката и бебето се добри и тие веќе ја напуштија болницата каде што Смилјана се породи на 8 октомври.

Породувањето на Смилјана, а и целата бременост, беше во рацете на д-р Елизабета Матевска-Атанасовска.

„Сашко е вистински шампион, се грижеше за мене и во бременоста, а сега ќе биде одличен во улогата на татко“, изјавила Смилјана.

Малата Јоана е прво дете на брачната двојка Коцеви. За нејзиното раѓање Сашко прв објави на социјалните мрежи, но сподели и фотографија дека се славело до зори.

 

Scroll to Top