Јован Јованов добил наредба до кабинетот на Груевски да не оди на „Евровизија“

Музичарот Јован Јованов  раскажува дека од кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски му кажале на раководството на МТВ дека Јованов никако не смее да настапува на овој фестивал.

Ваквите тврдења музичарот Јован Јованов ги изнесува во интервју за Женски магазин во кое зборува за случувањата на музичката сцена во Македонија.

Кога ќе се сетам, по 2011 година и последната моја „Евровизија“, многу антивладини медиуми беа негативно насочени кон мене и ја труеја јавноста дека мене тогашната власт ми помага да освојам награди или да одам на „Евровизија“. А таквите негативни коментари ниту на ВМРО- ДПМНЕ не им одговараа. Така што да, од кабинетот на поранешниот премиер Груевски  му беше кажано на директорот на МРТ дека јас веќе никако не смеам да одам на ‘Евровизија’ како автор“, раскажал Јован Јованов. И додава дека во 2013 година, кога требало Есма Реџепова да оди заедно со Влатко Лозановски, таа сакала  Јован да биде композитор на нивната песна. Ама директорот на МТВ во нејзината куќа на Кале, вели Јованов, рекол дека од Владата има наредба тој да не оди повеќе на „Евровизија“.

„Па кога ќе се сетам и во 2009 година кога победија ‘Некст тајм’, една наша ‘дива’ таа година исто плачеше кај тогашниот премиер дека јас сум ги наместил да победат на фестивалот. Па дури и на седница на Владата паднало муабет за мене пред сите министри. А што имав јас од тоа, ако победат ‘Некс тајм?’ Па немаше ниту парични награди ниту  какви бичо стимулации во тоа време. Дека сум еден од трите автори? Па дечките беа млади, талентирани, публика ги обожаваше. Ама тоа е“, вели Јованов.

Scroll to Top