Како изгледаше Калиопи кога пееше на „Златно славејче“

Поп-пејачката Калиопи на својот Инстаграм-профил објави црно-бела фотографија и ги праша своите следбеници: „Кое е ова девојче“?

Фотографијата е направена во далечната 1976 година и ова е првиот настап на Калиопи на детскиот фестивал „Златно славејче“. Тогаш 10-годишната Калиопи ја отпеа песната „Мојата учителка“, која е авторско дело на композиторот Александар Џамбазов.

Оваа фотографија предизвика многубројни позитивни реакции кај обожавателите на Калиопи, а меѓу коментарите е и оној на Тијана Дапчевиќ, која напиша еден стих од песната: „Мојата учителка има поглед благ“.

Scroll to Top