Капитенот на ФК „Работнички“ стана татко

Капитенот на фудбалскиот клуб „Работнички“, Душко Трајчевски, стана татко. Тој преку „Фејсбук“ објави дека се породила неговата сопруга Наташа.

„Станав татко на преубаво девојче, Господ нè благослови. Ти благодарам љубов моја Наташа“, стои во статусот на Трајчевски, по што следеа бројни честитки.

Македонскиот репрезентативец се ожени минатата година.

Scroll to Top