Каролина на журка со огнови во Мексико

Поп-пејачката Каролина се сонча на лежалка во Мексико. Ова ѝ дојде како одмрзнување откако со сопругот Михаил беа во Канада, каде што температурата беше -20 степени Целзиусови. Каролина и Михаил го продолжија медениот месец во Мексико, а деновите ги поминуваат во летувалиштето Ахау, во Тулум.

„Е ова се вика вистинско одмрзнување“, ѝ напиша нејзината пријателка Бона Пауновска, поранешна ТВ-водителка, откако ја нарече „ракета“.  Комплиментите за Каролина не ги штедеа ни Елена Ристеска, ниту Тамара Тодевска. Елена ја пофали дека е „рибетина“, а Тамара ѝ остави порака „хедионизам и ренесанса“.

Каролина со пријателите на „Инстаграм“ сподели како се забавува, па објави и кусо видео од ноќна журка на плажата, каде што гостите ги анимирале акробати со оган.

 

Scroll to Top