Каролина смрзната на Нијагара

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин е на меден месец во Канада. Студеното време и ниските температури не ѝ пречат да се прошета и да ги види природни убавини на земјата, па на својот инстаграм-профил Каролина деновиве објавува фотографии и видеа од патувањето. На секоја од нив таа остава коментари дека ѝ студи и дека е многу поладно отколку што е навистина. Таа објави и слика од замрзнатите водопади на Нијагара, фотографирана во Онтарио, Канада.

„Многу поладно е од што изгледа“, напиша на таа покрај фотографијата на која ѝ се гледаат само очите заради дебелиот шал и капа. На прашањето на еден од своите инстаграм-пријатели за температурата, Каролина напишала дека чувството е како -33 степени. Вистинската температура, во тој момент била само -14 степени.

Целиот источен дел на Америка и Канада се под снежна покривка, а фотографии од замрзнатите Нијагарини водопади беа објавени во светските медиуми уште минатата недела.

Каролина и Михаил ќе се вратат во Македонија до крајот на месецот, а брзо потоа пејачката ќе го промовира нејзиниот нов студиски албум.

Scroll to Top