Каролина во видеоприказна за љубовта

Поп-ѕвездата Каролина Гочева стана заштитно лице на модната куќа „Магнетик“ во кампањата  „Што те прави тебе единствена?“. Кампањата, која е во подготовки, ќе се одвива во текот на 2018 година каде што преку неколку тематски видеа и фотосесии со Каролина  ќе се прикажува приказна за жената, за љубовта, за животот и секојдневието. Видеата и фотографиите ќе бидат направени на различни локации низ Македонија обидувајќи се да ги доловат локалните убавини преку модата и уметноста и да ја раскажат приказната на секоја жена која се чувствува убаво во својата кожа.

Scroll to Top