Катерина Коцевска е новата директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински”

Актерката Катерина Коцевска е нова уметничка директорка и селекторка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.  Таа е избрана со одлука на собранието на  „Војдан Чернодрински”, кое го сочинуваат претставници од сите професионални театари во Македонија плус член од Факултетот за драмски уметности. Коцевска доаѓа на местото на колегата Петар Темелковски, кој 11 години беше на оваа функција.

Коцевска е член на Драмски театар од 1983 година каде има одиграно многу улоги, како и и во театрите во Македонија. Добитничка е на повеќе актерски години, како наградата „Војдан Чернодрински“ за улогата на Олга-Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ .

Scroll to Top