Ќе се снима видеоспот за необјавена песна од Тоше Проески

По повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески, а под покровителство на Фондацијата што го носи неговото име, ќе се снима спот за песна од Тоше која не е објавена досега.

Како што дознава Репортер, спотот за песната „Secret Place“ ќе почне да се снима деновиве во Крушево. Спотот се очекува да биде промовиран на 16 октомври, на денот кога пред точно десет години Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Фондацијата Тоше Проески неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но ова е прв пат за една песна да се сними спот.

Scroll to Top