Ќерката на Заев привлече внимание на социјалните мрежи

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, деновиве предизвикува внимание во јавноста со фотографиите што ги објавува на својот инстаграм-профил. Шеснаесетгодишната Александра, велат оние што ја познаваат, личи на својата мајка. А такви се и коментарите под секоја фотографија што таа ја објавува. „Вистинска убавица“, „Копија на мајка си“, „Ќерка на македонскиот крал“… се само дел од комплиментите за Заева.

Според кажувањата на блиските до семејството Заеви, освен премиерот, кој има непосредно однесување, па не пропушта да се појави на настани како „Костенијада“ , „Тортијада“, да дојде со мотор во село Варварица или да посети концерт или претстава, тоа важи и за неговата сопруга Зорица, но и за ќерката Александра и синот Душко.

Летово Александра беше во друштво на својата мајка Зорица во Охрид на концертот на „Бјело дугме“. Друштвото им правеа нејзината стрина и братучетка ѝ, а дамите наголемо се забавуваа на хитовите на легендарната ексју-група.

Scroll to Top