Коки пак ќе прави штипски пастрмајлии

Никола Јанков-Коки, кој е дел од „Тајфата“, се пофали дека повторно почнува угостителски бизнис. Тој на својот фејсбук-профил денеска објави фотографија од кујната во кафеаната „Кригла“, каде што веќе се подготвува тестото за оригиналната штипска пастрмајлија.

Пред неколку дена стасаа и специјалните печки каде што ќе се подготвува пастрмајлијата.

Пред десетина години тој заедно со неговиот компањон (сега веќе починат) Дуле имаа заедничка кафеана во Скопје, во која деликатес беше штипската пастрмајлија, која се правеше по оригинален рецепт.

Освен угостителскиот занает, Коки со „Тајфата“ ја промовираа „Песно стара“, а во интервју за „Репортер“ најави дека планираат догодина да снима албум и да одржат концерт.

Scroll to Top