Колачи со мед и ореви по рецепт на Ване Маркоски

Ване Маркоски веќе неколку години води емисија во која оди во домовите на Македонците, кои за него ги готват своите омилени рецепти. Еден од нив се колачите со мед и ореви што го подготвува и самиот откако го пробал кај жена што готвела во емисијата.

Потребни состојки:

1 жолчка,
2 белки,
100 гр. шеќер во прав,
100 гр. мелени ореви,
50 гр. мелени бисквити,
100 гр. мед
½ лимон.

Подготовка: Во подлабок сад ги ставам жолчката, белките и шеќерот во прав. Состојките се матат со миксер неколку минути. Потоа ги додаваам мелените ореви и мелените бисквити. На крајот го ставам лимоновиот сок и мешам за да добијам хомогена смеса. Колачите во вид на точиња ги ставам на тава прекриена со пекарска хартија. Најпрво ги печам неколку минути во загреана рерна на 200 степени, па ја намалувам температурата на 150 степени ги допекувам уште 10-15 минути. Откако се готови, одозгора им ставам уште малку мед.

Scroll to Top