Концерт на „Бјело дугме“ во Охрид

На 4 август, во Охрид концерт ќе одржат Бијело Дугме. Станува збор за прв опен ер фестивал кој ќе се одржува на стадионот „Билјанини извори“.

Концертот, кој ќе почне во 22.30 часот, ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди и ќе трае повеќе од  две и пол часа. Пролетта Бијело дугме одржа концерт во Скопје на кој Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ пееја пред 10-илјадна публика. Билетите се веќе во продажба, по цени од 600 денари за партер, 900 за фан-пит и 1500 за вип. Организатори се „Авалон продукција“

Scroll to Top