Концертот на„ Бијело дугме“, ноќ за паметење

Легендарната група „Бијело дугме“  вчера направи концерт за паметење во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Настапот на „Дугме“ беше под отворено небо, а многубројната публика речиси два часа се забавуваше на хитовите на бендот. Легендарните  „Не спавај мала моја”, „Липе цвату”, „Ѓурѓевдан“, „Хајдемо у планине”, „Има нека тајна веза” се пееа во еден глас, а како одминуваше времето така и се вжештуваше атмосверата. Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ – Тифа успеаа да направат вистинска журка за публиката.

„ Има некои вечери што се паметат вечно, а некои што сакате да ги заборавите. Се надевам дека оваа вечер ќе остане во вашето сеќавање“ рече Горан  Бреговиќ пред многубројната публика.

Со настапот на „Бијело дугме“ заврши годинешното издание на фестивалот „Охрид колинг“.

Култниот бенд „Бијело дугме“ пролетта на 8. април одржаа голем концерт и во Скопје.

Scroll to Top