Копуци, името е поважно од политиката  

Вокалот на бендот „Љубојна“, Вера Милошевска-Јосифовска, на својот фејсбук-профил упати критика за промената на името на Македонија. Таа револтирана вели:

Драги непромислени копуци,

Името е поважно од нашите мали животенца, поважно и поголемо е дури и од нашите секојдневни политички и егзистенцијални проблеми. И нашето завршува еден ден. Сосе нашата тесноградост. Само во едно име се крие цел еден вековен микрокосмос…

Животот не завршува со вас, драги еготрипови, ќе оставиме ли нешто за идните генерации? Треба ли да оставиме достојна слика за оваа земја и оваа култура? Ќе почнеме ли да ја почитуваме и да градиме вистински вредности или ќе тераме праудолу, без никаков критериум и капацитет во амбисот на „демократијата“?!

Ако јас досега не ви покажав како се сака Македонија, арам да ви се земјата што ја газите и душите на вас што ги носите. Каде ви се човечноста и себепочитувањето? Се расфрлате со правни и политички акти, се криете зад измислени неосновани ставови од незнаење, од немање интерес за подалеку од вашиот нос. Е, па, доста е ќутење другари. Доста е трпење ваши промашени перцепции за сè што се однесува на ова тло!!! Почнете одоздола, од искуството на овој менталитет. Нема ништо погрдно во тој збор, има само погрешно толкување и манипулирање.

Scroll to Top