Коце на точак до Водно

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска за првпат со точак се качи на Водно. Причината за тоа беше Европската недела на мобилноста, во чии рамки на паркингот на Средно Водно утрово се одржа голем велопикник.

По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците имаа можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш да уживаат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Минатата година Градот Скопје се вброи меѓу трите европски града со најдобри решенија за одржлива мобилност во трката за наградата на Европската недела на мобилност 2016, заедно со Малме и Лисабон.

 

Scroll to Top