„Лајв бенд“ сними нов видеоспот

„Да си прашам за неа“ е насловот на втората песна на „Лајв бенд“ од Скопје, која ја направи веднаш по своето првенче „Туѓина била маќеа“. Новата песна е најава за првиот албум на бендот. Песната е со карактеристичен седумосмински ритам, дополнета со звукот на кавалот, кој е неизбежен за „Лајв бенд“. Автор на музиката на песната е Роберт Ангеловски, член на групата, текстот со љубовна тематика е на Александар Стевановски, а аранжманот е на Љупчо Соколовски – Бубе.

Во „Лајв бенд“, кој постои веќе четири години, членуваат Орде Неделковски – вокал, Даниел Трипуновски – кларинет, Роберт Ангеловски – кавал и хармоника, Марјан Петрески – гитара, Иван Божиновски – виолина и Никола Волкановски – тапани.

Видеото, кое е снимено на повеќе локации во градскиот парк во Скопје, го сними „Арт студио“, а режисер е Дејан Ѓорѓиев.

Scroll to Top