Лоба лута: Некултурен створ ми ја лупна колата

Поп-пејачката Викторија Лоба, се налути. Таа јавно се пожали на социјалните мрежи дека и ја удриле колата на паркинг и се закани дека„ кармата е кучка“.

„Браво за створот некултурен што ми ја лупна колата на паркинг. Европски записник постои, а и карма постои и е кучка невидена само за инфо“, вели Викторија Лоба.

Поп-пејачкта летово беше актуелна со новата песна која ја промовираше. Во интервју за „Репортер“ таа зборуваше за идните музички планови, но најави и дека наскоро планира да се мажи со своето долгогодишно момче Ѓорѓи.

Scroll to Top