Мафијаши и се закануваат на Тања Савиќ

Пејачката Тања Савиќ јавно се пожали дека добивала закани од луѓето кои ги испратил нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ. Таа веќе некое време е во конфликт со нејзиниот сопруг, кого го обвини дека без нејзина дозвола, уште во април и ги земал децата и ги однесол во Австралија.

Од тогаш таа вели дека минува низ агонија и е во постојана борба за да си ги види синовите. По нејзината исповед во емисијата „Магазин ин“, дека сопругот ја тепал и физички ја злоставувал и навредувал, на пејачката и стиганле и закани од мафијаши.

Нејзините комшии велат дека околу куќата на нејзините родители секоја вечер се шетаат сомнителни типови, за кои веруваат дека се испратени од Душан, пишува „Свет“.

„Сигурни сме дека Душак сака да ѝ наштети по сето тоа што таа го изнесе во јавност. Него го боли тоа што таа не полуде, што не зема лекови, што не ѝ пропадна кариерата. Го боли затоа што таа одлучи да се бори за да си ги врати децата“, велат нејзините соседи.

Пријател на Тања вели дека Душан постојано ѝ се заканувал на пејачката. Постојано и говорел дека тој е заслужен за нејзината кариера и дека без него таа немала да постигне ништо. Сега ја удри во најслабата точка, нејзините деца и се обиде да и го уништи животот, вели изворот.

„Сега веројатно сака да ја докрајчи, да ја уплаши. Среќен е само кога таа има проблеми. Таа од него трпела и физичко злоставување, знае со кого си има работа и не се чувствува безбедно. Вистина е дека тој е во Австралија, но и тука има свои луѓе, мафијаши“, вели тој.

Од друга страна Тања вели дека ќе се продолжи да се бори за своите деца и дека никој не може да ја исплаши кога се тие во прашање.

„Ни на крај памет не ми паѓа да паднам во постела и да завршам во некоја установа. Имаше денови кога бев затворена во четири ѕида, тажна и нереќна. Имаше моменти кога не знаев што да правам, но јас продолжив со борбата и својот живот. Продолжив да снимам песни и да се борам за моите деца и кариера“, изјавила Тања.

 

Scroll to Top