Магдалена Алексовска ќе пее во „Карнеги хол“ во Њујорк

Младата пејачка Магдалена Алексовска на 6 јуни ќе настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк. Таа во 2015 година беше претставник на Македонија на „Јуниор Евровизија“, кога ја испеа песната „Плетенка“.

За настапот Магдалена се пријавила преку онлајн аудиција која е отворена во цел свет. На аудицијата годишно се пријавуваат 15.000 кандидати. Тие испраќаат снимки од три песни снимани без обработка на глас и без музика, на кои пеат само со придружба на пијано. Кандидатите се оценуваат според возраста и жанрот на музика што ја изведуваат, а Алексовска го освоила првото место во категоријата „мјузикл“, а севкупно третото место на целата аудиција.

На концерт во „Карнеги хол“ се поканети само победниците во сите категории. Тие на концертот ќе ги примат своите награди.

Пред настапот во Њујорк Магдалена планира да одржи концерт со хуманитарен карактер.

 

 

Scroll to Top