Макарони со зеленчук по рецепт на Ребека

„За време на постите имам еден одличен рецепт, кој често го правам“, вели Ребека. И додава дека за овој ручек потребни се 20 минути.

1 пакување макарони

300 гр. брокула

пола тиквица

2 домати или половина килограм доматен сос

3 пиперки

половина главица лук

еден млад кромид

една голема главица стар кромод или две мали

маслинов зејтин

малку магданос

босилек (пола лажичка)

куркума (пола лажичка)

кари (чајна лажичка)

сол по желба

ќечап (2 големи лажици)

ајвар (една голема лажица)

 

Макароните сварте ги. Во меѓувреме се подготвува сосот од зеленчук. Зеленчукот го сецкаме и го пропржуваме една минута. Најпрво кромидот и лукот, а потоа ги додаваме тиквицата, пиперката, доматите и на крај брокулата.

На тава, со малку маслинов зејтин го пржиме сосот од домати околу 5 минути. Потоа го додаваме магаданосот, ќечапт и ајварот, неколку секунди пред да биде спремен сосот.

Во зленчукот додека се пржи ги додавме зите зачини и мешаме постојано. Кога ќе се сварат макароните, ги процедуваме и ги ставаме во тава врз зеленчукот и 30 секунди мешаме на шорет.

 

Scroll to Top