Македонец повторно освојува на „Ѕвездите на Гранд“

Огнен Здравковски, кој е внук на познатиот виолинист Зоран Џорлев, во првиот круг од својот настап во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ги освои симпатиите на жирито и доби седум гласови. Во секоја сезона од популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дел од Македонците кои се појавуваат оставаат позитивен впечаток на жирито со настапот.

Минатата сезона охриѓанецот Ристе Ристески ја однесе победата, а кандидатот во новата сезона уште од своето прво претставување остави импресивен впечаток.

Scroll to Top