Македонка меѓу четирите најубави жени во светот

Манекенка Викторија Луческа стана трета придружничка на изборот за убавина Miss top of the word, кој се одржа во Пловдив, Бугарија. Викторија ја преставуваше Македонија на изборот за убавина, на кој учествуваа претставнички од 15 држави. Викторија седум дена се дружеше со девојките од Србија, Црна Гора, Белгија, Латвија, Израел, Русија, Бугарија.

„Секојдневно имавме проби со девојките, па речиси и да немавме слободно време, освен малку да здивнеме и да собереме енергија за големото дефиле. Среќна сум за освоената круна, која многу ми значи“, вели Викторија.

Луческа неодамна се врати од Истанбул каде што беше ангажирана за модел во рекламни кампањи.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top