Македонски женски хор освои прва награда на натпревар во Молдавија

Младинскиот женски хор „Стив Наумов“ од Битола освои златен медал на меѓународниот натпревар Фестивал на хорови кој се одржа во Молдавија.

Во молдавскиот град Кишињев битолските хористки настапија 5 пати на различни локации во градот, со македонска музика, односно во натпреварувачката програма хорот отпеа 5 песни од македонски автори.

Во конкуренција биле 29 хорови, а битолчаните го освоија првото место. Настапот во Кишињев е премиерен настап на меѓународниот фестивал на хорови кој во овој град се одржува по седми пат.

Scroll to Top