Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои Светскиот куп во маратонско пливање

Најдобриот македонски пливач на отворени води, Евгениј Поп Ацев, е најдобар пливач на Светскиот куп во маратонско пливање во 2017 година. Тој го постигна истиот успех и во 2015 година.

Плива на долги патеки бидејќи маратонското пливање му е многу поинтересно од пливањето во базен. И покрај релативно лошите услови на базените во Македонија, наоѓа начин да го одработи секој свој тренинг и да се подготви за секој следен натпревар. Евгениј тренира по десет пати неделно, и тоа по два часа во базен кога препливува и до осум километри. Потоа тренира и два часа во вежбалница.

Пред секоја трка му е најважно да се одмори добро за да собере сила за долгиот натпревар, а во текот на натпреварот размислува за своите противници и за темпото со кое треба да плива. Посветеноста кон пливањето му е огромна, па затоа и резултатите се неизбежни.

Scroll to Top