Македонските спортисти во брак со својата тинејџерска љубов

Најпознатите македонски спотисти не се женети ни за актерки, ни за манекенки, ни за пејачки, како што прават светските асови. Кире, Филип, Горан, Филип и Перо покрај себе ја имаат својата љубов од тинејџерските години. Кои се сопругите на нашите најдобри спортисти?

Љубица Лазарова, сопруга на Кире
Капитенот на ракометната репрезентација, Кире Лазаров, врската со две години повозрасната Љубица ја почнал кога имал 17 години. Поради професионалните ангажмани на Кире често се селат, па Љубица, која е лекар, засега не работи во струката. Сепак, по завршувањето на кариерата на Кире би сакала да ѝ се посвети на својата професија.

Благица Миркуловска, сопруга на Филип
Филип и Благица се заедно од тинејџерските години. По десет години врска тие стапија во брак, од кој имаат две ќерки. Исто како Филип, и Благица е дипломиран правник.

Ружица Антиќ, сопруга на Перо
Кошаркарот Перо Антиќ и поранешната одбојкарка Ружица се заедно од 2004 година. Ружица е дипломиран новинар и основач на женскиот магазин „Портрет“. Ги имаат синовите Лука, Павел и Петар. Ружица и Перо имаат ист ден на раѓање.

Билјана Лазарова, сопруга на Филип
Филип е во брак со Билјана. Двајцата долго години биле во врска и го имаат синот Милан.  Билјана е архитект, но поради ангажманот на Филип во Турција, во моментов паузира со работата.

Надица Пандева, сопруга на Горан
Горан и Надица се во брак од 2009 година кога склучија граѓански брак, а во 2012 година направија и црковна венчавка. Двојката има две деца, синот Филипо и ќерката Ана.

 

Scroll to Top