Малата балерина од Скопје ја освои Германија

Деветгодишната балерината Антонија Атанасова освои златен медал на Светскиот натпревар по балет, кој се одржуваше во Келн, Германија. Ова е уште еден медал за малтаа Атнонија која веќе има освоено 41 медал и преку 30 први места.

И покрај големата конкуренција, во Келн, Антонија, упсеа со кореографијата „Другарките на Есмералда“, заедно со нејзините другарки, да го освои првото место, во силна конкуренција.

„Долго се подготвува за ова. Секој ден одев на часовите на балет и од срце ја посакував оваа медала“, ни рече Антонија.

Антонија е ученичка во „Јан Амос Коменски“ во Скопје. На часови по балет оди од петгодишна возраст во балетското студио „Арт балет“ кај педагогот Тамара Ѓурчиновска.

Балетот го засакала пред четири години играјќи пред огледалото дома. По ова, нејзината мајка ја запишала на балет, а кратко потоа веќе почнала да се натпреварува.

На светските натпревари таа настапува соло, во дуо, формација. Вели дека иако има малку трема, сепак, брзо ја надминува и сака најубаво да одигра.

А.Георгиев

Scroll to Top