Марга Сол со диџеј сет во Доминиканска Република

Музичката продуцентка и диџеј Марга Сол пристигна во Пунта Кана каде што денеска и утре (16 и 17 септември) ќе има диџеј сетови во хотелскиот ризорт „Бретлес“. Марга не може да го сокрие своето воодушевување и од местото и од ВИП третманот кој го добива како гостин во едно од најубавите летувалишта во Доминиканската Република.

„Не постојат зборови да се опише овој рај на земјата. По двата настапа тука, продолжувам во Мексико, каде што ќе имам уште неколку диџеј сетови пред крајот на месецот“, рече Марга по пристигнувањето во Пунта Кана.

Scroll to Top