„Меморија“ со награда за трајни вредности на МАРС

Следниот викенд во МОБ ќе се одржи десеттиот македонски радиски фестивал МАРС, а пред публиката ќе бидат изведени 11 најслушани радио-хитови за оваа година.  Специјални гости на МАРС ќе бидат членовите на групата „Меморија“, кои се годинешни добитници на наградата за трајни вредности.

За наградата хит на годината се номирани: Влатко Лозаноски со „Ова лето ќе се памти“, Кристина Арнаудова – „Љубена“, Викторија Лоба – „Дојди“, „Ај кју“ – „Мојот крал“, Сара Мејс – „Небо“, Наташа Малинкова – „Хеј мама“, „ДНК“ – „Невозможна мисија“, Димитар и Тајфата – „Остани“, Теа и Панчо – „Рушевини“, „Ања Ветерова “ – „Рам бам бам“ и „Некст тајм“ со „Слушам кај шумат шумите“.

Добитникот на апсолутен радиски хит ќе добие награда од 60.000 денари, а 10.000 денари ќе му бидат доделени на авторот за најдобар текст. Оваа награда ја доделуваат акредитираните новинари од пишаните и електронски медиуми.

Scroll to Top