Миле Кузмановски доби трета ќерка     

Фолк-пејачот Миле Кузмановски третпат стана татко. Неговата партнерка Jасмина Трајковска се породи со ќеркичка, а Миле веќе ги има ќерките близначки Ана и Јана од бракот со покојната сопруга Верче. Фолк-пејачот не сакаше да зборува за приновата. Ни се заблагодари на честитките, но на прашањето за деталите за ќерката ни рече: „Ве молам, на пат сум, не можам да дадам изјава“.

Инаку, пред неколку години Кузмановски се соочи со голема трагедија кога неговата сопруга и мајка на близначките ја изгуби битката со ракот. По извесно време, Јасмина на својот фејсбук-профил објави нивна заедничка фотографија, но и тогаш фолк-пејачот не сакаше да зборува за новата љубовна врска и за приватниот живот. Партнерката на Кузмановски беше подолго време вработена како директорка во СОС Детско село, потоа во дел од службите за односи со јавност во Министерството за земјоделство, а сега работи во една невладина организација. Фолк-пејачот, пак, е ангажиран и со настапи на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top