Миленко и Мирка во пародија на Заев

Водителско- новинарската двојка Миленко Неделковски и Мирка Велинова му влегоа во пародија на премиерот Зоран Заев. Па така двајцата пријатели решија, среде лозје, на црвен тепих да ја направат новата емисија на Миленко.

Идејата за ова доаѓа од неодамнешното закројувањето на лозјата во Демир Капија, кога премиерот за празникот на винарите, Св. Трифун, закројуваше на црвен тепих.

Фотографијата на која се Миленко и Мирка, предизвика реакции и на социјалните мрежи. Едни со поздрав за оваа идеја, други со подбив.

Scroll to Top