Мимоза салата по рецепт на Александар Белов

Александар Белов не готви често, а кога готви, прави едноставни и брзи јадења. Овојпат ви ја препорачува салатата мимоза.

„Ова е универзална салата за секоја прилика. Јас, искрено ја сакам и за главно јадење. Најдобро е да се подготвува во стаклена чинија за да се види секој слој и да изгледа совршено“, ни рече Белов.

Потребни состојки:

Кашкавал 200гр
Шунка 150гр
Варен компир 150гр
Варени јајца 3-4
Павлака 1 чашка
Мајонез 100гр

Како се подготвува:

Прво го рендам на крупно сварениот компир. Го посолувам и врз него ставам слој павлака. Преку павлата рендам шунка, па врз неа мајонез. Над мајонезот ги рендам белките од сварените јајца, а врз јајцата го рендам кашкавалот. Над тоа го додавам остатокот од павлака, па одозгора рендам уште 50гр кашкавал и жолчките од јајцата, за салатата да изгледа фино и да биде декоративна.

Scroll to Top