Министерот Димитров на кафеанска дружба со К-15

Министерот за надворешни работи на Македонија се дружеше со Цацко, Тошо Малерот и Миле Паника во една од скопските кафеани. Тој на својот фејсбук-профил и на „Твитер“ објави фотографии од средбата, па напиша „Со легендите … што вика Бубо ем средовечни ем симпатични“.

Ова наиде на одобрување кај неговите следбеници, кои оставија бројни коментари со порака до министерот тој да се обиде да ги врати К-15 пред камерите. Дел од коментарите се дека тие се навистина легенди кај нас и дека заслужуваат да снимат и филм, не само неколку скеча.

Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров засега молчат и уживаат во заедничките дружби пред враќањето на Васко во Австралија.

Scroll to Top