Министерот за финансии, Драган Тевдовски, со семејство пред црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје одбележа 40 дена од раѓањето на ќеркичката Сара. Тој сподели фотографија на која е заедно со неговата сопруга Анита и трите ќерки. Министерот им ја честиташе Новата година на сите и рече дека тој и неговото семејство имале убав почеток на годината оти 40 дена од раѓањето се совпаднале со почетокот на новата година.
(А.Г)