Му се исполни сонот, Александар Белов на натпревар на „Арсенал“

Пејачот Александар Белов е голем фан на фудбалскиот клуб „Арсенал“. Негова дамнешна желба е да го гледа омилениот клуб во живо и желбата денеска ќе му се исполни.

Клубот од Лондон ќе игра против „Црвена звезда“ во Белград во рамките на третото коло од фудбалската Лига Европа.

„Не можам да ја опишам возбудата што ќе го гледам ‘Арсенал’. Ова е исполнување на детскиот сон“, ни рече Александар, кој е голем фан и на „Црвена звезда“.

Тој е веќе на стадионот, а натпреварот ќе го следи со својата девојка Јелена, која навива за „Црвена звезда“.

(А.Ј)

Scroll to Top