Со народната „Ој Вардаре“, Наум и Виолета ги разнежнија ракометарите

Хорот „Мирче Ацев“ и фолк-пејачите Наум Петрески и Виолета Томовска предизвикаа бура овации на „Златна бубамара“ кога ја испеаја песната „Ој Вардаре македонски“.

Со оваа песна тие ги повикуваа еден по еден сите ракометари на РК „Вардар“. Последен на бината се качи капитенот Стојанче Стоилов, кој доби најголем аплауз. Ракометарите пееја заедно со пејачите и публиката во арената „Борис Трајковски“, па сите заедно уште еднаш се присетија на историскиот успех на клубот и победата во Лигата на шампионите.

Столе Стоилов
Тимур Дибиров и Мартин Поповски
Ракометарите на Вардар
Scroll to Top