Нина Јанева снима спот за песната „Ова е крај“

Пејачката Нина Јанева деновиве снима видео за песната „Ова е крај“, која е снимена пред околу една година.

„Песната е авторско дело на Александар Масевски со кого соработувам активно последниве две години. Видеото го режира Александар Ристовски – Принц, а за шминката и фризурата се погрижи Зорица Николова. Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, вели Нина за „Репортер“.

Таа додава дека текстот не е поврзан со нејзиниот приватен живот, но е исклучително добар.

„Спотот, пак, го снимавме на Водно каде што на -1 степен ме прскаа со вештачки дожд. Ама, забавно ни беше на сите“, ни рече Нина.

(А.Ј)

Scroll to Top