Ништо од К-15, Тошо Малерот  замина за Австралија

Васко Тодоров, познат како Тошо Малерот по три недели престој во Скопје, си замина за Австралија. Со ова  за сега паѓаат во вода плановите дека К-15 би можело да се врати повторно за публиката.

Тошо Малер  пред да тргне  на аеродром  се фотографираше со неговиот долгогодишен пријател и колега од К-15, Миле Паника, а под фотката објавија и текст кој вели : „ Заврши турнејата во стари крај. Се гледаме во некои подобри времиња„.

Тошо Малерот кој веќе подолго време живее во Австралија, додека беше изминатиов период во Скопје, постојано објавуваше фотки од средбите со своите пријатели. Покрај кафанските дружби со Цацко и Миле, тука беше и средбата со познатиот адвокат Александар Тортевски, но и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На секоја објавена фотка, љубителите на К-15 навиваа за нивно повторно враќање во јавноста.

Scroll to Top