Новата песна на Владимир Четкар најава за албумот

Џез-музичарот Владимир Четкар ја претстави својата најнова песна Travel The World, чиј комплетен автор е самиот. Песната е снимена во студија во Њујорк и во Њу Џерси со оркестар во живо.

Деновиве во Охрид тој го снима видеото што ќе биде промовирано следната недела. Песната Travel The World е најава за новиот албум, а Владимир е во преговори со неколку големи светски музички куќи кои ќе го издадат на музичкиот пазар.

„Албумот е во подготовка и дел од песните се веќе снимени. Целиот материјал ќе се комплетира по моето враќање во Њујорк. Промоцијата на новиот албум е планирана за почетокот на 2018 година, но верувам дека публиката нема да биде разочарана што ќе мора уште малку да почека на неговото издавање“, изјави Четкар за „Репортер“.

Scroll to Top