(НОВО ВИДЕО) Ивона Талевска и денеска на мајтап на социјалните мрежи

Од вчера на социјалните мрежи кружи видеоснимка на која новинарка дописник се јавува во живо од терен во вестите на „Сител“, а среде разговор ѝ ѕвони телефонот. Таа го прекина интервјуто со членовите на Избирачкиот одбор од гласачко место во Бутел за да одговори на повикот. Гафот на новинарката што прекина изјава за да се јави на телефон не можеше, а да не помине незабележано. Но, она што го привлече вниманието е реакцијата на новинарката Ивона Талевска, која камерата во студиото ја фати како удира со раката по маса, веројатно, незадоволна од она што членовите на Избирачкиот одбор од гласачкото место во Будел го изјавија пред камерата.

Денеска кружи нова снимка со која се забавуваат луѓето на социјалните мрежи. Твитерџиите ѝ ја најдоа соодветна песна на Ивона, We will rock you од популарниот „Квин“, чиј ритам одговара на нејзиното удирање со раката на маса.

Гледајте го линкот:

Scroll to Top