Од девојка пред камерите, сега сум само мајка

Водителката Милена Антовска-Станковска, која пред неполни 3 месеци стана мајка на својата ќерка Лана Марија, проговори за мајчинството, објави „Среќа.мк“. Во интервјуто таа раскажува дека мајчинството е нешто во кое ужива секој ден.

„Да си мајка, значи да научиш што е несебичност, што значи повеќе да не си приоритет самата себеси. Сфаќаш дека и кога си преморена, ненаспана и тотално исцрпена, сепак имаш сила и дека целиот замор го снемува кога ќе те погледнат тие очи кон кои чувствуваш безрезервна љубов”, вели Милена Антовска-Станковска.

Водителката на утринската емисијата „Здраво, Македонијо“ вели дека сега животот целосно ѝ се променил. „Од девојка што секојдневно се пројавуваше пред камерите, сега водам еден помирен живот зад камерите, но, секако, пасијата кон работата не е променета и со задоволство ќе продолжам во градење на мојата кариера паралелно со мајчинството“, вели таа.

Scroll to Top