Палашоска падна на градоначалникот на Струмица

Фолк-пејачката Џесика Палашоска му фрли око на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Вели дека не ја интересира политика, ниту знае Костадинов од која партија е, ама не може да не забележи убав и згоден маж.

„Мене, искрено, не ме интересира политика, ама новиот градоначалник на Струмица навистина изгледа привлечно. Не знам дали е ВМРО или од СДСМ, ама знам дека изгледа привлечно“, искрена е фолк-пејачката.  „Првпат кога го видов на телевизија, навистина ми остави впечаток и поради стилот на облекување, ама и поради физичкиот изглед“, додава Палашоска. Таа вели дека била во дилема дали тоа да е градоначалникот на Гевгелија или Костадин на Струмица, ама, сепак, вториот некако повеќе ѝ оставил впечаток.

Интересно е што за разлика од нејзината колешка Сања Барби, која ја пееше песната „Министре“, Џесика на својот репертоар имаше песна за професор. Фолк-пејачката, која го довршува Економскиот факултет во Прилеп, не сакаше да ни откри дали инспирацијата за песната ја нашла во некој од професорите на факултетот. „Тоа нека остане моја тајна“, ни рече Палашоска.

Scroll to Top