Перо Антиќ и КК „Гостивар“ донираат 8 илјади евра за лекување на Стеван Гешовски

Кошаркарскиот клуб „Гостивар“ и неговиот претседател Перо Антиќ ќе обезбедат 8 илјади евра за лекување на Стеван Гешовски – Гешо, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар.

„Терапијата со матични клетки во Москва чини 17 илјади евра, од кои на Гешо му недостигаат уште 8 илјади евра, сума што ја обезбедија КК „Гостивар“ и претседателот Перо Антиќ. Со овој хуман гест се надеваме дека ќе му помогнеме на Гешо да го врати животот што го имаше претходно“, стои во соопштението на КК „Гостивар“.

Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите за што најадекватна метода за лекување е терапија со матични клетки во Москва.

Scroll to Top